Во текот на вчерашниот ден, 35-годишна скопјанка во полиција пријавила дека била физички нападната додека се возела во градски автобус.
Според нејзината пријава, таа околу 16 часот се возела во линијата број 5 на ЈСП, а во автобусот била нападната од повозрасен маж. Веднаш по пријавата, интервенирала полициска екипа, при што 64-годишниот напаѓач идентификуван како Д.Х. од Скопје бил пренесен во полициска саница.