Скопската ЗОО првпат стана живеалиште на алпаки

Во скопската Зоолошка градина првпат ќе живеат алпаки. Три алпаки и две двогрби камили вчера во Скопје пристигнаа од Чешка и веќе се приспособуваат на новиот дом.

Алпаки се припитомен вид јужноамерикански животни од фамилијата камили. Физички личат на мала лама. Овие животни живеат во стадо на висорамнински предели на Андите во јужно Перу, северна Боливија, Еквадор и во северно Чиле, на надморска височина од 3.500 до 5,.000 метри и таму се задржуваат преку целата година.. Алпаките се значително помали од ламите и за разлика од нив, не се товарни животни, туку се одгледуваат заради влакната.

Scroll to Top