Бела ноќ ќе се одржи в сабота на десет локации низ Скопје по 16.пат. Ќе има перформанси, концерти, изложби и други културно-уметнички настани. Централен настан годинава е концертот „Скопски евергрини“, што ќе се одржи на паркингот пред арената „Борис Трајковски“.
Најпознатите скопски хитови ќе ги изведат Влатко Стефановски, Тамара Тодевска, Јаков Дренковски и Дарио во придружба на „Баги биг бендот“, под диригентство на Љупчо Мирковски. Влезниците за „Скопски евергрини“ и за концертот на платото пред МКЦ се бесплатни и можат да се подигнат на билетарниците на МКЦ и на Универзална сала.
Настаните од Бела ноќ ќе почнат во 19 часот и ќе траат до полноќ. Работното време на локалите нема да биде продолжено по полноќ, што беше пракса изминатите години.