Следуваат студени денови во Македонија, a температурите и до -10

Снег најмногу има во Маврово, каде што е формирана снежна покривка од 78 сантиметри. Во Лазарополе има 51 сантиметар, Крушево 41, Пожаране 38, Ѓуриште 25, Дебар и Тетово 20, Дојран и Претор 17, Битола 16, Скопје и Тополчани 15, Гевгелија 14, Струмица 12, Штип 9, Демир Капија 8, Берово и Крива Паланка 7, Виница 6, Охрид 5 и Прилеп 3 сантиметри.

Минималните температури во целата земја биле под нулата. Најниска измерена е во Маврово -11, минус 9 во Крушево, Ѓуриште и Пожаране, минус 8 во Лазарополе и Дебар, минус 7 во Тополчани, минус 6 во Скопје, Тетово, Прилеп, Берово и во Крива Паланка, минус 5 во Охрид, Битола и во Штип, минус 4 во Демир Капија, Струмица и во Виница, минус 3 во Претор и Гевгелија, до минус 2 во Дојран.

Утрово времето во земјата е облачно и студено, со врнежи од снег. Дува слаб до умерен северозападен ветер, кој е најинтензивен во Ѓуриште, Светиниколско. Во 7 часот врнежи нема само во Охридско.

Денеска времето ќе биде облачно и студено, со врнежи од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во претпладневните часови, особено во јужните делови. Попладне врнежите ќе ослабат насекаде. Температурата ќе се движи во интервал од минус 4 до 1 степен.

Во Скопје времето ќе биде облачно и студено со повремен снег особено претпладне. Температурата преку денот ќе достигне до минус 1 степен.

Во наредните денови земјата ќе биде под влијание на многу студена и влажна воздушна маса, што ќе услови сѐ постудено време со повремен снег. Во текот на денот врнежите ќе се префрлат кон исток, каде што ќе бидат поинтензивни. Локални врнежи од снег ќе има и утре претежно во западните делови, а краткотраен снег е можен и во ноќта кон средата и претежно на југ. До четврток, кога ќе има прекин на врнежите, температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината. Најстудено ќе биде в среда и в четврток преку ноќта кога утринската температура на места ќе се спушти и под -10 степени. Од петок температурите релативно брзо ќе се покачуваат.

 

 

Scroll to Top