Слеп алпинист од Кина се искачи на Монт Еверест

Џанг Хонг (46) од Кина се искачи на највисокиот врв во светот од непалската страна и со тоа стана првиот слеп човек во Азија, а трет во светот што се искачил на Монт Еверест. Тој го заврши подвигот на 24 мај заедно со тројца водичи и потоа се врати во базниот камп. Џанг го загубил видот на 21 година поради глауком.

„Без разлика дали сте инвалид или не, сте го изгубиле видот или немате нозе или раце, не е важно сè додека имате силен ум, секогаш можете да го завршите она што другите луѓе мислат дека можете“, изјави тој за „Ројтерс“.

За подвигот добил инспирација од Ерик Вајхенмајер, слеп американски алпинист, кој го освои Еверест во 2001 година. Тогаш Чанг почнал да тренира под водство на неговиот пријател, планинскиот водич Чјанг Ѕи.

Непал во април повторно го отвори Монт Еверест за странци откако минатата година беше затворен поради пандемијата.

„Многу се плашев затоа што не можев да видам каде одам и не можев да си го пронајдам тежиштето, па понекогаш паѓав. Но, продолжив да размислувам бидејќи иако беше тешко, морав да се соочам со тие тешкотии, ова е една компонента од искачувањето, постојат тешкотии и опасности, но тоа е и смислата на искачувањето“, додал тој.

Scroll to Top