Словенија прва во Европа прогласи крај на епидемијата на коронавирусот

Словенија стана прва европска држава која прогласи крај на епидемијата на коронавирусот, објави владата на синоќешната телефонска седница. Ова дојде откако Националниот институт за јавно здравје заклучи дека ширењето на коронавирусот е ставено под контрола, а во изминатите 14 дена биле регистрирани само 35 нови случаи на зараза.

Словенија прогласи епидемија на 12 март и во меѓувреме имаше 1.464 заразени и 103 починати од вирусот.  Словенечката влада се изјасни против продолжувањето на повеќето рестриктивни мерки до крајот на јуни. Ноќни клубови, базени и теретани остануваат затворени, а не се знае кога  ќе се отворат поголемите хотели. Државјаните на ЕУ веќе нема да одат во карантин при влегувањето во Словенија.

 

Scroll to Top