Случајно ја испуштил внука му од крузер

Салватор Сал Анело е обвинет за убиство од невнимание, затоа што ја испуштил едногодишната внука од 11 кат од крузерот со кој пловеле, објавиле порториканските власти. Салваторе си играл со внуката Клое Виеганд додека бродот бил закотвен во Порторико во местото Сан Хуан.

Родителите на девојчето по несреќата ја обвиниле компанијата за крстарење „Ројал Карибиен“. Тие сметале дека прозорот на крузерот не смеел да биде отворен, пишува „Си-Ен-Ен“.

Од компанијата изразиле длабоко разочарување за несреќата и најавија дека подготвени се да направат сè за да му помогнат на семејството.

„Се погриживме нашиот тим да му помогне на семејството на секој начин. Од почит кон нив и нивната приватност, не би сакале да даваме дополнителни коментари за инцидентот“, изјавила портпаролката на компанијата Мелиса Чарбонеу.

Властите јавиле дека девојчето патувало со своите родители, двајцата браќа, сестра, и нејзините баба и дедо.

 

 

Scroll to Top