Случајно открил плантажа со марихуана додека летал со балон

Германската полиција стигнала на плантажа каде на диво се одгледувала марихуана. Повикот до полицијата стигнал од граѓанин кој случајно летал високо над неа во балон.

„Мажот летал над природнитот резерват покрај Росток на северот на земјата кога ја открил плантажата и подоцна се јавил на локалната полиција. Плантажата била во делот на резерватот до кој е тешко да се стигне пешки, па откривањето ан резерватот била чиста среќа“, изјавил портпаролот на полицијата, пренесува Хина.

Се наведува дека полицајците заплениле 123 стебла марихуана за време на рацијата, која започнала од вторникот, а трае до ден денес.

Scroll to Top