Владимир Христивски е самохран родител на две малолетни деца, Огнен кој има 7 години и Марија 10 години. Тие живеат во населбата Припор, во Скопје. Солзите и тагата се секојдневие кај ова семејство, а целата агонија започнала откако починала сопругата на Владимир. Децата постојано гладни легнуваат и стануваат, а болката е се поголема со секое прашање дали има нешто да јадат раскажува Владимир, раскажува Владимир во сторијата на ТВ 24.
„Ќе почнат да зборуваат во школо, сиромашни сте, не се дружите со нејзе… Колку што можам јас сум и мајка и татко на децава. Не знам друго што да ви кажам. Тешко е…“, вели Владимир Христовски .
Сонцето го осветлува домот, оти тука нема нема струја. Исклучена е поради поради долгови. Децата учат на свеќи. Владимир моли за помош кој колку има и колку може за да ги прехрани своите две деца.
„Некогаш и легнуваат гладни, затоа што нема ни храна ни дрва, струјата ни е исклучена. Апелеирам до сите институции, до сите хумани граѓани ако имаат желба да донираат, ако може да ми се најде соодветна работа да си ја прехранам фамилијата. Социјална парична помош не користам затоа што не сум се пријавил на време. Отпишан сум од Центарот за социјални работи“, вели Владимир Христовски
Најмалиот член во ова семејство Огнен кој е одличен ученик побара Дедо Мраз да му донесе пакетче за Нова Година. А, неговиот татко Владимир вели дека Новата година ќе ја дочекаат со празна маса и завиткани под ќебе.
Сега единствен извор за преживување е пензијата на неговата мајка која живее со нив и која едвај може да се помести од кревет.
Неколкуте скали кои водат до нивната соба во секој момент можат да се распаднат. Без струја – внатрешноста на куќата веќе се претвора во руина. Ова семејство секојдневно се бори за гола егзистенција.