Најмалку 59 лица настрадаа во невремето кое ја погоди Америка. „Асошиетед прес“ пренесува дека ова е уште еден кризен предизвик за администрацијата на новиот претседател Џо Бајден.
Месец дена како е на должност и се бори со пандемијата со коронавирусот, сега администрацијата на Бајден се справува со силната и снежна бура во Тексас, Оклахома и другите држави.
Без електрична енергија и недостиг на вода се останати милиони луѓе. Едно од главните ветувања на Бајден во кампањата, беше борбата против системскиот расизам и климатските промени. Медиумите пренесуваат дека силната бура прави потешкотии и со борбата со пандемијата.
Силното невреме оневозможува да се дистрибуираат вакцините.