Една од снимките кои биле направени за време на случувањата во САД кои настапија по ураганот во овој дел од планетата предизвика огромно внимание на медиумите во последните недела дена. Но, дојде време повеќе да не им дозволуваме на социјалните мрежи да ни ја кројат вистината затоа што вистината за снимката со „трите ајкули среде Мајами“ е сосема поинаква.
На снимката се гледаат три објекти кои со своите врвови потсетуваат на перки на ајкула, што дополнително изгледа застрашувачки затоа што видеото е снимено во моментите на најголемиот потоп по ураганот Ирма.
Корисниците на социјалните мрежи поведоа голема дискусија за тоа дали воопшто е можно овие ѕверови да се најдат на улиците во Мајами и дали снимката е автентична.
Некои тврдат дека ова е вистина и дека изгледа реално, дури правеа споредба со ситуацијата во Бризбејн каде што ајкулите целосно биле дислоцирани кај теренот за голф и продолжиле таму да живеат. Другите изнесоа и несоборлив факт дека ајкулите инаку не пливаат заедно, но, се разбира, се појавиле и такви кои исклучокот го објаснија како последица на природна катастрофа.
На страницата ФЕМА постои список на шпекулации за ураганот Ирма, но оваа приказна за ајкулите не е меѓу нив. Едноставно, сценариото „шаркнадо” (торнадо-ајкула) не е можно во оваа ситауција. Инаку, „Шаркнадо“ или (торнадо-ајкула) е бизарен филм во кој е претставен брегот на САД погоден од разорно торнадо кое доаѓа од океанот, а со себе носи сè што му доаѓа на патот, вклучувајќи и ајкули, кои паѓаат по градовите и јадат луѓе!
Експертите јасно соопштија дека рибите се чувствителни на промена на воздушниот притисок во текот на бурата и дека по правило одат во поголемата длабочина за да бидат безбедни.
„Кај повеќето животни ќе проработи природниот инстикт и тие ќе си заминат“, изјави директорот на Лабораторијата за ајкули на калифорнискиот државен универзитет.
Погледнете го видеото: