Со шеикот бев со денови заклучена во соба, имавме секс и земавме кокаин: Џил Дод за животот во харемот

Харемите на саудиските шеици секогаш го привлекувале вниманието на јавноста. Но, она што се случува таму отсекогаш била мистерија која донекаде ја разјаснува книгата на 60-годишната Џил Дод што ја објавила во 2017 година. Таа неодамна  открила нови детали.

Денес, иако  Џил е позната како успешна деловна жена и основач на модниот бренд Рокси, во текот на осумдесеттите години од минатиот век беше една од девојките во харемот на саудискиот шеик и дилер на оружје Аднан Кашоги.

Дод го запознала Кашоги на една забава во Париз кога имала 21 година. Тој и пришол и ја замолил да танцува. Тогаш  таа не знаела со кого танцува. Дознала подоцна и тоа за неа било голем предизвик . Во тоа време, Хашоги имал четири милијарди долари и многумина верувале дека тој бил најбогатиот човек во светот тогаш.
Славниот Саудиец бил најпознат дилер на оружје кој соработувал со многу земји, производители на оружје, но и приватни клиенти од целиот свет. Џил пак работела како модел кога го запознала. Таа била заинтригирана од неговиот ексцентричен начин, моќ и многу пари, па сето ова го привлекување нејзиното внимание. Посебно паднала кога  скршил чаша шампањ кога танцувале. Откако седнале, тој напишал „Те сакам“ на нејзината рака. „Немав идеја кој е тој, но навистина ми се допаѓаше“, вели таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jill Dodd (@jill_dodd)

Кога се запознале, Хашоги веќе бил оженет и татко на пет деца, но имал право на 11 жени „од задоволство“. Наскоро Џил станала една од нив.

Живеела во неговите одаи во Саудиска Арабија и го чекала својот ред да има секс со богатиот човек. Тие уживале заедно навечер, а тој ја носел на најлуксузните забави.

„Ќе се заклучевме во соба и водевме љубов со денови, јадевме, готвачот ќе ни донесеше храна, ќе земевме кокаин и ќе спиевме кога сакаме“, изјави Џил за „Индипендент“.
Пред да стапат во врска, таа потпишала петгодишен договор со него. Во него стоело дека тој ќе се грижи за неа апсолутно во сите аспекти, но таа ќе мора да му биде достапна 24/7. Таа го прифатила ова и во почетокот не била љубоморна на другите жени во харемот, но откако и била дијагностицирана анксиозност, таквиот живот започнал да и е одбивен. Откако видела на раката на друга жена идентичен прстен како нејзиниот, сфатила дека тоа не е животот со милијардерот за кој сонувала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jill Dodd (@jill_dodd)

„Раскинавме наскоро после тоа и ми олесна бидејќи сфатив дека трчањето по среќа поради пари е како да трчам по мојата сенка“, рече таа. Своето искуство го објави во книгата „Цената на Љубовта: храбро патување за наоѓање љубов“ во 2017 година.

После харемот, таа целосно го сменила животот. Се омажила и имала три деца. „Никогаш не сум се сметала себеси за курва и сè уште не размислувам за себе така“, вели таа. Нејзиниот тогашен љубовник, контроверзниот Аднан Хашоги почина неколку дена по објавувањето на нејзината книги.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jill Dodd (@jill_dodd)

Scroll to Top