Истражувачи во Јапонија ги опремиле возовите со звучници од кои можело да се слушне лаење на куче и огласување на елен. Ваквите звуци имале цел да ги спречат судирите на животните со возот кои се случувале на шините.
Весникот Asahi šimbun пишува дека целта на оваа комбинација на звуци е да ги избрка елените од шините за да се намалат бројот на случаи во кои животните страдаат.
Од Железничкиот технички истражувачки институт (RTRI) велат дека звучниците испуштаат силен звук на огласување од елен во траење од три секунди и 20 секунди лаење на куче, што е сосема доволно да ги натера животните да избегаат, пренесува Би-би-си.
Научниците велат дека досегашните тестови, кои се изведуваат во текот на ноќта кога животните се собираат околу пругата, покажале дека бројот на елени што се оддалечиле од шините е двојно зголемен.
Системот се покажал ефикасен, но било дополнето дека овој звук нема да се пушта во близина на населбите каде што живеат луѓе.