Црниот пипер, солта и лимонот можат да се користат како лек. Всушност, многу луѓе ги користат овие состојки во лечење на секојдневните тегоби. Другиот начин на лекување може да биде скап медицински третман, па оттука причината зошто многу луѓе се обидуваат со природни домашни лекови.
Еве што може да се лечи со црн пипер, лимон и морска сол:
БОЛКИ ВО ГРЛОТО
Ослободете го вашето грло со комбинирање на 1 лажица свеж сок од лимон, пола лажица црн пипер и лажичка морска сол во чаша топла вода. Исплакнете го грлото неколкупати дневно за ублажување на воспаление и спречување кашлица.
ЗАТНАТ НОС
Ослободете се од затнатиот нос со кивање. Помешајте еднаква количина црн пипер, цимет, семе од кардамон и мешајте ги додека не направите прав. Помирисајте ја смесата полека неколкупати и прифатете го кивањето кое ќе ви помогне во одзатнување.
ОТСТРАНЕТЕ ГО ЖОЛЧНИОТ КАМЕН
Седиментите на дигестивните течности кои се создаваат во вашиот жолчен меур се нарекуваат жолчен камен. Тие можат да ви го блокираат дигестивниот систем и тоа може да биде прилично болно. Вообичаено, тие се отстрануваат хируршки.
Исто така, постојат луѓе кои го лечат овој проблем со природни лекови. Помешајте маслиново масло со лимонов сок и црн пипер со цел да ги стопите камењата.
ЧИРЕВИ
За да ја излечите слузницата во устата, додајте лажичка хималајска сол во чаша топла вода и помешајте во устата по секој оброк. Овој метод ќе ги елиминира лошите бактерии и ќе го забрза заздравувањето.
ГУБИТОК НА ТЕЖИНА
Направете смеса од 1/4 лажичка мелен црн пипер, 2 лажички сок од лимон и една лажичка мед во чаша со топла вода, ако сакате да го забрзате вашиот метаболизам. Лимонот содржи полифенол кој го спречува дебелеењето и ја засилува чувствителноста на инсулинот кој помага во согорувањето на мастите.
ГАДЕЊЕ
Вашиот вознемирен желудник може да се смири со црн пипер, а мирисот на лимонот го спречува гадењето. Миксот на свеж сок од лимон со црн пипер во чаша топла вода може да помогне. Пијте полека додека не почнете да се чувствувате подобро.
НАПАД НА АСТМА
Оваа мешавина секогаш треба да ја имате при рака ако вие или некои од вашите членови во семејството сте астматичар.
За да ја подготвите мешавината, додајте 10 зрна црн пипер (цело зрно), 2 каранфилчиња и 15 листови босилок во чаша со вода. Оставете ја мешавината да отстои 15 минути и процедете ја потоа со стаклен капак. Додајте 2 лажички мед и оставите да се олади. Можете да ја ставите смесата во фрижидер и до две недели и да ја консумирате со млеко за да биде повкусно.
ЗАБОБОЛКА
Помешајте половина лажичка црн пипер и масло од канабис за да го излечите болниот заб. Нанесете ја смесата на воспалениот заб. За да ја спречите забоболката, користете конец и четкајте ги забите двапати дневно. Исто така важно е да избегнувате слатки и кисела храна.
НАСТИНКА И ГРИП
Исцедете половина органски лимон во голема чаша топла вода ако сакате да се ослободите од настинката. Кората нека отстои во водата 10 минути. Отстранете го лимонот и додајте лажичка органски мед. Пијте го лекот по потреба додека не почувствувате олеснување.
КРВАВЕЊЕТО ОД НОС
Нанесете малку лимонов сок на стапче и ставете го во ноздрата. Со лесно движење главата насочете ја кон напред за да спречите крвта да ви протече во грлото и да ја спречите мачнината. Вашето крвавење од носот веднаш ќе запре.