Сонцето повеќе не изгрева од истото место, а Земјината оска е поместена

Инуити се домородско племе на Ескимите, кое живее на канадскиот Арктикт, на Гренланд, Сибир и Аљаска.

Нивните староседелци пишуваа за Националната администрација за вселената и аеронаутиката (НАСА), за да им соопштат дека Земјината оска е поместена. Тие не веруваат дека емисијата на јаглерод диоксид ги предизвикува климатските промени, пишува „Riseearth“.

Староседелците на Инуите ги приметиле климатските промени по топењето на ледот на Арктикот. Тие веруваат дека Сонцето повеќе не излегува на истото место, и дека деновите се потопли и траат подолго.

Месечината и ѕведите не се на вообичаените места на небото, и тоа влијае на температурата. Тие се ослонуваат на положбата на Месечината и ѕвездите, се со цел за да можат да ги преживеат деноноќјата, особено оние кои ги минуваат во мрак, а тоа е половина од периодот во годината.

Приметуваат дека топлите ветрови ги менуваат снежните прекривки, и сега многу им е потешко да се ориентираат. Има се повеќе поларни мечки, а животните се случува да залутаат меѓу населените места на Инуитите.

Во 2011 година Си-Ен-Ен пренесе дека земјотресот кој се случи во Јапонија, го помести главниот остров за 2,5 метри и ја помести Земјината оска, цитирајќи го геофизичарот Кенет Хаднат. Исто така наведено е дека Земјината оска е поместена за речиси 10 сантиметри, според проценките на Националниот институт за геофизика и вулканологија во Италија.

 

Scroll to Top