Ако сте поготвени оваа пролет да се заљубите „најсилно“ до сега, послушајте ги астролошките совети со кој знак вашата врска ќе биде најжешка.
Стрелец и Близнаци
Овие два знаци се привлекуваат на сите полиња. Физички се создадени еден за друг. Обожаваат долги разговори, Близнакот е малку површен и сака да оговара, додека Стрелецот е чесен и темелен.
Близнакот е секогаш спремен за акција, додека Стрелецот е потешко да го нЛав атерате да се раздвижи и да ја промени рутината, сепак кога е со Близнакот Стрелецот станува вистински авантуриста.
Бик и Шкорпија
Според астролозите, Бикот никој не може така сексуално да го привлече како Шкорпијата. Ако се спојат можат со денови да бидат затворени во спалната соба. Сè во врската ќе им делува фатално.
Сепак, кога ќе излезат меѓу пријателите, ќе видите дека многу се разликуваат, Шкорпијата е пребрза со Бикот, додека Бикот е премногу пасивен за Шкорпијата. Доколку се спремни на промени, врската сигурно ќе им успее.
Јарец и Рак
Овие два знаци совршено се надополнуваат. Ладниот Јарец не може да им одолее на емотивните изјави на Ракот. Во спалната соба одлично функционираат, се надополнуваат. Сепак, доколку Ракот стане премногу „разгален“ и почне да кука дека Јарецот ја игнорира врската, лесно може да се заврши односот меѓу нив двајца. Доколку најдат заеднички јазик, може да останат со години заедно.
Вага и Овен
Овенот е толку бунтовен и полн со енергија што лесно може да падне на шармот на префинетата Вага. Тие се толку различни што совршено функционираат, барем на почеток од врската. Сепак, доследноста на Вагата лесно може да му стане досадна на Овенот. Доколку Вагата малку попушти, може да ужива во најдобрата врска во својот живот.
Риби и Девица
На Рибите им сè така лесно во животот. Тие се родени со доза оптимизам и ништо не може да им го расипе доброто расположение. Девицата сака работа, ред и дисциплина, па повторно ред… Доколку се сретне со Рибата можеби ќе отстапи од своите правила, барем на почеток од врската. Ќе биде тоа совршена врска, која може да потрае ако се најде компромис.
Лав и Водолија
Водолијата не признава авторитети, Лавот само тоа го сака – да командува и да владее. Меѓутоа, доколку во својот војнички поредок ѝ допушти на уметничката Водолија да влезе, неговото владеење е готово. Неговото рикање станува шепот, а со Водолијата ќе ги запознае сите убавини на слободното однесување. Совршена авантура!