Специјалци што го спречија терористичкиот напад врз Вучиќ и Путин

By

Руските служби спречиле напад на терористите врз Бесмртниот полк во Москва. Руските безбедносни служби уште еднаш се покажале на висина на задачата и го оправдале фактот дека се една од најдобрите служби од ваков тип во светот.

Засега нема релевантни информации за тоа кои точно единици учествувале во елиминирањето на терористите, но експертите наведуваат дека ова, најверојатно, е дело на „Спецназа“ или „Алфа групата“.

Се работи за најпознатите тимови на специјалци во светот.

Во едно од интервјута началникот на руските известувачки служби на Воздухопловната армија, генерал-мајор Олег Полгујев, изјавил дека некои руски специјалци се обучени и подготвени повеќе од војниците од специјалните единици на НАТО и САД, а истовремено додава дека припадниците на „Спецназа“ се најдобрите на светот и дека станува збор за борби гради в гради.

Истовремено, овој висок офицер на руските вооружени сили додава дека во светот руските специјални единици на Русија и САД се принзати за најквалификувани, најмногубројни и најефикасни.

Според неговите зборови, главната разлика меѓу руските единици „Спецназа“ и специјалните единици на НАТО и САД се задачите што пред нив се поставени и начинот на кои тие се извршуваат.

„Обуката на специјалните сили во Русија е тешка, посурова од таа на НАТО, иако овие другите имаат технолошка предност во оружјето и специјаната опрема. Руските специјалци се добро обучени и може да го користат практично секое оружје од страна на произведувачот. Важно е тоа што руските војници може да се борат и стамостојно, а странските специјалци повеќе се потпираат на тимската работа“, вели Полигујев.

Според неговите зборови, руските специјалци се најдобри во светот во таканаречените борби гради в гради.

„Нашите војници спроведуваат повеќе време на обуката отколку која било друга специјална единица во светот. Освен тоа, нашите единици „Спецназа“ не ги усовршуваат сами методите на идеално убиство, туку и борачките вештини, како бокси и џудо“, вели генерал-мајорот.

Според неговите зборови, специјалците минуваат низ специјални воени известувачки служби, а предност се дава на вештините што дозволуваат употреба на роботи набљудувачи и нови системи на следење, како и способност да се префрлат во разни видови транспорт до непријателските хеликоптери.

Припадниците на руските единици „Спецназа“ минале во најмакотрпните психофизички тренинзи и на најтешки тестирања. Нивните главни задачи биле борбата против тероризмот и терористичките групи, нивно апсење и ликвидација, уништување на секој непријател што се заканува за безбедноста на земјата, задушување на вооружените бунтови, решавање кризни ситуации, извидување, учество во известувачките операции, извршување операции на непријателска земја, решавање ситуации со заложници, спроведување диверзантски и противдиверзантски акции и други борбени мисии.

Овие војници се одлично физички спремни и секогаш се подготвени и за најсложените задачи. Брзо мислат, правилно расудуваат, ладнокрвно, оперативно и ефикасно дејствуваат. Неуништливи се, непобедливи. Може да дејствуваат со сите видови оружје. Обучени се да убиваат. Дејствуваат на најопасните жешки точки и извршуваат разни задачи.

Невозможно е да ги запрете.

За припадниците на руските специјални единици велат дека се луѓе без лица и без имиња. Тие се страв и трепет за терористите и секој друг непријател на руската држава.

Тие ги минале сите фази на обуки, напорни фази на пешадиска обука, падобранство, нуркање, снајперски дејства и практични пукања. Тие учат странски јазици и борачки вештини.

 

 

 

 

 

 

Ќе ви се допадне