Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации (ФИФА) одреди 12 судии што ќе конкурираат за делење на правдата во финишот на Светското првенство во Русија.
По одлуката дека Уругваецот Андрес Куња ќе биде главниот арбитер на првото полуфинале меѓу Франција и Белгија, ФИФА дополнително го скрати списокот на судии што ќе конкурираат за преостанатите три меча на мундијалот.
Милорад Мажиќ се наоѓа на списокот со имиња од 12 судии што може да се најдат на некои од трите преостанати меча. Најдобриот српски арбитер заедно со своите помошници Далибор Ѓурѓевиќ и Милан Ристиќ, ќе биде во конкуренција за мечевите од полуфиналето, мечевите за третото место или можеби за финалниот меч кој е закажан за 15 јули во Москва. Но, овој список дополнително ќе биде скратен по полуфиналињата.
Списокот на преостанатите судии:
Алиреза Фагани (Иран), Маланг Диједију (Сенегал), Марк Гајгер (САД), Цезар Артуро Рамос Палазуелос (Мексико), Андрес Куња (Уругвај), Нестор Питана (Аргентина), Сандро Рики (Бразил), Метју Конгер (Нов Зеланд), Џунејт Чакир (Турција), Бјорн Кујперс (Холандија), Милорад Мажиќ (Србија) и Џанлука Роки (Италија).
Исто така, одредени се и судии што ќе се наоѓаат во студиото и ќе им помагаат на колегите на теренот.
Вилтон Сампаио (Бразил), Мауро Вилјано (Аргентина), Бастијан Данкерт (Германија), Артур Дијас Соареш (Португалија), Павел Жил (Полска), Масимилијано Ирати (Италија) Дани Мекели (Холандија), Даниеле Орсато (Италија), Паоло Валери (Италија), Феликс Цвајер (Германија).