Откако вчера беше објавен датумот на премиерата на специјалната епизода со „Пријателите“, Booking.com објавија дека обожавателите можат да освојат шанса да престојуваат, односно преноќат во станот на Моника и Рејчл.
„Friends Experience in New York City“ е називот на понудата за која е направено ресоздавање на култните места во серијата и која вклучува и посета на станот на Чендлер и Џои, како и кафулето Central Perk.
Исто така, ќе имаат можност да ги видат реквизитите и костимите од серијата која се емитуваше од 1994 до 2004 година и воедно ќе уживаат во единствени искуства кои вклучуваат – уживање во фотелјите на Чендлер и Џои, тура по желба со фотограф, учество во Phoebe’s Cab Escape Room игра во доцните часови, кафе и појадок во „Central Perk“.
View this post on Instagram
Апартманот на Рејчл и Моника ќе биде достапен за изнајмување само два дена – 23 мај (недела) и 24 мај (понеделник), а пријавувањето ќе започне на 21 мај (петок) од 10 часот по источноевропско време.
Резервациите ќе бидат поделени редоследно – кој прв резервира, тој ќе биде дел од „Friends Experience in New York City”.