Статист ја запроси девојката среде Галичка свадба

Додека вчера во мијачкото село Галичник се редеа обичаите на традиционалната Галичка свадба, еден од статистите ја побара за жена својата девојка. Облечен во носија, Дамјан Колески клекна на колена и пред сите гости ја запроси Билјана Макреска.

Билјана и Дамјан потекнуваат од Галичник. По запросувањето рекле дека сакаат идната година тие да бидат зетот и невестата на Галичка свадба. Откриле и дека често биле статисти на свадбата изминативе години и учествувале во сите обичаи.

За потсетување, вчера заврши 46. Галичка свадба. Марина Петровска и Огнен Караѓозовски свадбените обичаи ги почнаа во петокот со песна и три истрели од пушка под планината Бистра. Во трите свадбени дена тие испочитуваа повеќе од 30 стари обичаи – кревање на знамето, бричење на младоженецот средсело, земање на невестата од дома, барање благослов од кумот, канење гости… Двојката се венча вчера во храмот „Св. Апостол Петар и Павле“.

Фото: Томислав Георгиев/Фокус

(Галерија) Низ прстен те гледам в срце да ти влезам – заврши Галичка свадба, вековна традиција сочувана од заборав

 

Scroll to Top