Стотина мртви морски желки на брегот на Мексико

Најмалку 300 мртви морски желки биле видени на мексиканскиот брег на Пацификот, соопштија од Мексиканското министерство за животна средина. Истрагата што ја направиле одговорните покажала дека желките од типот (Lepidochelys olviacea) биле заплеткани во мрежи што биле поставени илегално и дека се удавиле. Тие се познати и како мрежи на духови.

Меѓународната унијa за зачувување на природата IUCN ги класификува овие маслинови желки како ранлив вид. Желките биле видени на плажата Моро Ајута во Оаксаки, на западниот брег на Мексико. Плажата е едно од местата каде што маслинестите желки доаѓаат да ги положат своите јајца.

Сите желки што биле најдени на плажата биле женки, рече за локалните медиуми експертот за желки, Ернесто Абавера Падија. Ова не е првпат голем број маслинести желки да бидат пронајдени мртви во Оаксаки.

Рибари во 2018 година пронашле 300 заплеткани желки во рибарските мрежи. Во Мексико е забранет лов на морски желки од 1990 година и постојат строги казни за секој што ќе ги убие.

 

Во истрагата за тоа како мрежите се нашле на овие простори на мексиканската морнарица ѝ се приклучија и еколошките власти.
Scroll to Top