Судот исплашен, Ел Чапо повторно планира бегство

Судот смета дека Ел Чапо има намера да избега од затвор или да влијае на сведоците на обвинителот, па му ги одбил сите негови барања за подобри услови во затворот.

Ел Чапо веќе повеќе од две години живее живот на типичен злогласен криминалец. Тој е сега затвореник кој веќе неколку пати се обидел да побегне. Седи во самица без никаква комуникација со надворешниот свет. Неговите адвокати велат дека покажува знаци на ментален замор, има нарушен сон и секојдневни главоболки.

Адвокатите побарале да му се овозможи два часа неделно вежбање на воздух, пристап до заедничките делови, дозвола за купување шест шишиња вода неделно и стапчиња за уши.

„Недостигот на сончева светлина и свеж воздух во текот на 27 месеци остави врз Ел Чапо психолошки белег“, стои во писмото на неговиот адвокатски тим. Условите во затворот ги нарекле сурови и невообичаена казна, со која се крши осмиот амандман во американскиот устав.

„Големината на неговата ќелија, прозорци, музика и телевизија кои ги има на располагање во текот на дневните часови за вежбање не се дел од уставните прашања“, објасниле од судот.

Работите што ги бара адвокатски тим на Ел Чапо судските служби ги сметаат за опасни ако се најдат во рацете на високо ризични затвореници. Многу лесно може Ел Чапо да ги претвори во оружје. Еден од адвокатите на Ел Чапо ваковот објаснување на судските власти го нарекол хистеричен.

На Ел Чапо му се закануваат неколку доживотни казни затвор. Казната ќе му биде изречена на 5 јуни. До тогаш би требало да остане во најстрог затвор. Ел Чапо досега има побегнато од два строго чувани затвори. Еднаш во 2001 година, со помош на чуварите, а еднаш во 2015 година низ тунел под туш-кабината во неговата ќелија.

 

Scroll to Top