Судот пресуди, банките мора да ја вратат провизијата за кредит

By

Апелациониот суд во Белград ја донесе првата правосилна пресуда по која банките немаат право да ги наплатуваат трошоците од кредитите, односно провизијата за одобрените кредити.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за еднократен трошок кој банките го наплатуваат во моментите на одобрение на кредитот, одбивајќи одреден процентуален износ од износот на одобрениот кредит.

„Ова е прва ваква правосилна конечна пресуда по таа основа донесена од страна на Апелациониот суд во Белград. Пред тоа се донесени две идентични одлуки од страна на Високиот суд во Сомбор“, изјави претседателот на Здружението на банкарските клиенти „Ефектив“, Дејан Гавриловиќ.

Со пресудата е утврдено дека е неважешка одредбата на договорот со кој е договорен овој надомест, а која е спротивна на членот од Законот за облигациони односи, кои ја дефинираат каматата како една цена на кредитот.

Во пресудата се констатира дека не е јасно на која основа се однесуваат трошоците за наплата на оваа провизија, ни дали воопшто ги има, со оглед на тоа што банките сите свои трошоци морале да ги искалкулираат во каматата, како цена на дадените пари.

 

„Банките во Србија на овој начин во последните 15 години од граѓаните и економијата на Србија наплатиле повеќе од 100 милиони евра. Само за станбени кредити, кои во Србија во моментов ги има околу 90.000, ако се земе предвид просечниот износ на кредити, кој е околу 50.000 евра, и просечниот процент на наплатена провизија за истиот овој кредит, кој е 1 процент, се доаѓа до износот од 45 милиони евра, наплатени само од ваков тип кредити“, наведува Гавриловиќ.

Според неговите зборови, правото на поврат го имаат сите корисници на кредит кои платиле провизија за одобрение на кредит, без оглед на тоа дали станува збор за физички или правни лица.

Сите типови кредит (станбени, кеш, потрошувачки, автомобилски, бизниис, економски, кредити за адаптација и други), како и кредитите кои се исплатени во каква било валута (динарски, евро или швајцарски франци).

„Правото на поврат се остварува со тужба, и нема застарување за оваа постапка, така што можат да тужат сите кои земале кредити во изминатите 15 години.

Тој потсетува дека сите кои ќе сакаат да го остварат ова право можат да го направат тоа преку Здружението  „Ефектив“, кое обезбедува бесплатна правна помош за своите членови.

Гавриловиќ наведува дека и Народната банка на Србија неодамна испратила допос до сите банки во кој ги предупредува дека трошоците за одобрение на кредитот не можат да ги наплатуваат со процентуален износ, односно дека не смеат да бидат замена за прениско одредената каматна стапка, а со тоа клиентите да ги доведуваат во нерамноправна положба.

 

Ќе ви се допадне