Свештеник обвинет за сексуален напад врз малолетничка

Свештеник од Охајо, Хенри Фоксовен (45) принал дека имал секс со малолетна тинејџерка (17). Тој е обвинет по 8 точки за сексуален напад, затоа што имал сексуални односи со малолетничка од 17 август до 25 октомври.

Сега се наоѓа и пред нов проблем, откако по пребарувањето на неговиот дом бил пронајден и позитивен тест на бременост. Како што наведуваат светските агенции, девојчето било ќерка на негови пријатели.

Тој со неа имал сексулни односи во повеќе наврати во просториите на црквата во која тој живеел. Во претресот на неговиот дом биле пронајдени осум кондоми, како и позитивен тест за утврдување на бременоста.

Фоксовен од црквените великодостојници добил забрана да врши служба и не може повеќе да престојува во црквените простории. Тој во моментов се наоѓа во затвор, а кауцијата за пуштање на слобода изнесува милион долари.

Scroll to Top