Свиња им помага на вознемирените патници на аеродромот во Сан Франциско

Петгодишната свиња ЛиЛу и нејзината сопственичка Татјана Данилова се дел од програмта за терапија на аеродромот во Сан Франциско, преку која животните им помагаат на вознемирените патници.

Со пилотска шапка и налакирани нокти, ЛиЛу ја подига шепата во знак на поздрав. Таа позира за селфи и ги забавува патниците кои чекаат на заминување со нејзината играчка пијано.

„Луѓето се навистина среќни што за момент им се одвлекуваат мислите од претстојното патување, без разлика дали е службено или приватно. Сите сметаат дека е одлична идеја“, вели Данилова.

Менаџерката за услуги на патниците Џенифер Казаријан вели дека ЛиЛу е првата свиња од аеродромската програма за терапија, во која се вклучени кучиња од сите раси и големини и дека придонела за зголемување на чувството на заедништво на аеродромот.

 

Scroll to Top