Тајландски специјалитет за децата што беа заробени во пештерата

„Тајландски специјалитет, кој вклучува листови од босилек со месо и ориз, е првиот појадок на момчињата спасени во неделата“, изјавил шефот на тајландската спасувачка мисија, Наронгсак Осотанакор.

„Имаа желба да го јадат тајландскиот специјалитет“, изјавил Наронгсак за време на брифингот на новинарите.

Четири деца беа спасени вчера, а едно денеска по двете недели драма што ја минаа во пештерата на северот на Тајланд.

Тие девет дена биле изгубени и отсечени од светот во поплавената пештера, а преживеале така што јаделе малата количина храна што ја имале со себе и пиеле вода што капела низ карпите.

Во писмата до родителите повеќето деца навеле дека се чувствуваат добро и спомнале што би сакале да јадат кога ќе излезат од пештерата.

 

 

 

Scroll to Top