Тактика за освојување на хороскопските знаци: најлесно е да се освои Ракот, а најтешко Девицата

Астролозите предлагаат неколку тактики за освојување на хороскопските знаци, но дополнуваат и дека сето тоа треба да го сфатите како еден вид забава.

Тие велат дека голем број девојки со момчиња на кои им се допаѓаат разговорот го почнуваат со прашањето во кој знак се родени, а тоа не е случајно.

На Овенот морате да му покажете колку го цените тоа што е посебен и неколку минути дневно да му кажете колку му се восхитувате поради неговата способност.

Бикот најлесно ќе го освоите преку чиниите и полниот стомак. Тие многу ги ценат дамите што се вешти во готвењето и кои им носат подароци, без некое посебно значење.

Со Близнаците морате да водите долги и содржински разговори и да се разбирате во многу работи.

Ракот е наједноставен за освојување, само поминете слободно време со него и тој ќе ви возврати со симпатија.

Лавот морате да го третирате како крал и да го пренатрупате со подароци, и тоа секојдневно.

Девицата не е нималку лесно да ја освоите затоа што е тешко да ја придобиете нејзината доверба. Вооружете се со трпение и упорност и бидете практични. Тоа е нешто што го ценат Девиците.

Со Вагите морате секогаш убаво да постапувате затоа што тие мораат да почувствуваат дека ги сакате, но не на вулгарен и навредлив начин.

На Шкорпиите морате да им покажете дека сте страсни и дека ќе се жртвувате за љубов.

Стрелецот бара авантура во сè, па и во љубовта. Единствено што треба да направите е од животот да му направите добар авантуристички филм.

Јарецот паѓа на лица што се дисциплинирани и лојални во исполнувањето на неговите зацртани планови и работа.

На Водолиите покажете им дека сте незаинтересирани и дека не сте за строги правила на врзување. Дури тогаш ќе помислат дека сте неосвоив бедем и ќе сакаат тие да ве освојат.

Рибите ги привлекуваат лица што знаат да фантазираат, сакаат романтика и уметност. Тие три работи го освојуваат нивното срце.

 

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top