„Театар комедија“ од денес (31 август) почнува со проби на отворено. Од театарот велат дека ги почнаа подготовките за претставата „Си беше еднаш“ во режија на Синиша Евтимов, а дека наскоро ќе почнат и со претстави.
„Пробите ќе се одвиваат на отворено, со почитување на сите мерки и протоколи. Кон крајот на септември следува премиера, а започнуваме и со репертоар, исто така според сите мерки и протоколи, за што наскоро ќе објавиме известување“, велат од театарот.
„Театар комедија“ наскоро ќе ги отвори вратите на новата сцена „Двор“ каде ќе се почитуваат сите мерки и протоколи. Истовремено од театарот најавија дека на крајот на септември ќе се одржи и фестивалот „Гола месечина“.