Американката Теса Снајдер има дваесет и девет години, живее со својот сопруг и има две деца. Повремено се занимава со моделство, тренира, а истовремено се грижи за своите деца.
Инспирацијата вели дека ја црпи од илјадниците луѓе кои ја следат на социјалните мрежи. Животот не бил лесен за неа. Теса на својата 11 годишна возраст останала без десната нога.
Докторите и дале погрешна дијагноза, предоцна дознала дека има рак на коската и поради тоа морало да и биде ампутирана едната нога.
Семејството и блиските велат дека секогаш била со ведар дух, не се откажувала од ништо и секогаш се трудела да биде најдобрата верзија од себе си. Теса вели дека имало моменти кога и било многу тешко во животот.
Се чувствувала поинаку, често се будела со болки. Но, ништо не ја спречило да работи на себе си. Требало долго време за да се прифати себе си, своето тело и својата ситуација.
Денеска вели дека е среќна и исполнета личност, а целта и е да им покаже на луѓето се што може да направи.