Положбата на жените во Кралството Југославија било, најблаго речено, катастрофална. Голем дел од нив биле неписмени и исклучени од општествениот живот затоа што се сметало дека местото на жените е во домот.
Работите донекаде почнале да се менуваат во периодот на 30-тите години од минатиот век. Па така, во 1934 година 2000 жени го поддржале штрајкот на своите сопрузи рудари во Трбовље, а наредната година 5000 жени во Загреб демонстрирале пред германскиот конзулат барајќи мир, 600.000 од нив една година подоцна потпишале и петиција во врска со тоа.
Тоа бил темелот за тоа што се случувало во текот на Втората светска војна и народноослободителната борба, во која жените и тоа како имале огромен придонес. Зад борбените редови, за слободата делувале два милиони жени, а на окупираните подрачја преку 600.000 се уапсени и затворени.
Во тие моменти врховен командант на НОВЈ бил Јосип Броз Тито, кој го изјавил следното: „Јас се гордеам со тоа што стојам на чело на армија во која има огромен број жени. Можам да кажам дека жените во таа борба беа на прво место по својот хероизам, по својата издржливост, и сите народи во Југославија се горди што имаат такви ќерки“.
По војната, АФЖ многу се засилил и очигледно станал закана па со „самостојна“ одлука на Четвртиот конгрес во 1953 година во Белград бил укинат. Поранешните членки тврделе дека станал премногу силен, дека имал огромно влијание врз женското население, дека нивната еманципација очигледно се одиграла „премногу брзо“, дека се создале проблеми, дека многу се мешале во политиката.
Но, да се вратиме на времето на НОБ. Издвоивме некои од огромниот број жени кои се бореле и работеле за нашата слобода, а против фашистичкиот окупатор. Списокот е скромен, брои 65 жени, но и тој број бил сосема доволен.
Слава на хероите!
- Деса Булатовиќ, раководител на Третата бригада Санџак на СКОЈ. Некаде во Рашка во 1943 година.
- Милева Маровиќ, родена во Сплит, член на СКОЈ од 1940 година, КПЈ од 1941 година. По петтата непријателска офанзива била во 10. херцеговска бригада, а загинала во борбата со четниците на 3 октомври 1943 година, меѓу Гацко и Билеќ, кај селото Планик.
- Србинката Букумировиќ, застрелана во Лог на Бањица на 7 септември 1943 година.
- Стана Томашевиќ, секретар на РК СКОЈ за Црна Гора и Бока Котарска, држи говор на митингот во Никшиќ во 1944 година.
- Мила Јевтовиќ била раководител на една диверзантска група во Белград во 1941 година, подоцна член на чачанскиот одред „Д-р Драгиша Мишовиќ“. Загинала во јули 1944 година во селото Велеречи кај Горно Милановци.
- Доктор Јулка Мештеровиќ, шеф на хируршката екипа V крајишка дивизија од 2 ноември 1943 година до ослободувањето на Белград. Фотографијата е направена во Србија есента 1944 година.
- Ружица Ружа Станишиќ. Родена во 1931 година во Чачка, била студент по агрономија и член на KPJ. Делувала во позадина и била уапсена и застрелана во Бањичкиот логор на 7 јуни 1943 година, со братот Милорад Станишиќ.