Тинејџер се обидел да украде патнички авион за да се врати во својата земја

Француската полиција во Париз, уапсила 16 годишно момче од Мароко, кое се обидело да украде патнички авион од компанијата „Ербас“, пишува airlive.net. Обезбедувањето го пронашло момчето во кабината за пилоти, со слушалки на ушите. Велат дека се обидувал да го полета авионот.

Момчето завршило на суд, а истото се терети за кражба на авионот „Ербас А321“. Момчето стинало во Париз од Мароко пред две години. Целиот тој период, тоа живеело како бездомник. На сослушувањето изјавило дека се обидел да го украде авионот за да се врати дома. Вели дека повеќе не можел да живее како бездомник.

Менаџментот на аеродромот и безбедносните служби и понатаму немаат одговор на прашањето како можело момчето да влезе во кабината за пилоти, незабележано и таму да остане доволно време, да ги вклучи повеќе од половината копчиња на контролната табла и речиси да го крене авионот во воздух.

Според неофицијалните информации, момчето ја прескокнало оградата околу аеродромот и незабележано поминало преку пистата и да се качи во авионот. Засега не е објаснето како успеало да се качи на скалите, да влезе во леталото и потоа во кабината, која наводно била заклучена.

Прв кој го забележал проблемот бил техничарот на пистата. Тој го забележал светлото во кабината на авионот.

 

„Моторите не беа запалени и затоа ништо во авионот не смееше да свети. Техничарот откако ги забележал светлата, се качил во авионот и го забележал момчето на пилотското седиште“, вели неименуван извор за француските медиуми.

Техничарот веднаш повикал полиција, која пристигнала на лице место и го уапсила момчето, за кое се верува дека наводно било под влијание на психоактивни супстанци.

„Пуштете го, тој не можел да полета“, тврдел неговиот адвокат, барајќи од судот да ги отфрли сите обвиненија против неговиот клиент.

Адвокатот тврдел дека момчето и ако сакал не бил во можност да го украде авионот. Тој тврдел дека неговиот клиент не можел да успее во намерата, од едноставна причина, затоа што не знаел да пилотира.

„Потребно би му било минимум знаење за да го крене авионот во воздух. Мојот клиент не го поседува тоа знаење. Ова е како да обвинувате некој дека ви ја украл целата куќа. Едноставно притиснал неколку копчиња, но не можел да полета“, тврдел адвокатот на одбраната.

Медиумите пренесуваат дека момчето за време на апсењето не давало никаков отпор. Полицијата во извештајот напишале дека го уловиле како мастурбира пред нив, како и дека го плукнал истражниот судија. Поради тоа, неговиот адвокат тврди дека тинејџерот не е во најдобра психолошка состојба и побарал да биде ослободен од притвор.

 

Scroll to Top