Тинејџер загина додека ја штитеше сестра му од крадец, семејството немаат пари за погреб

Петнаесетгодишниот Кајлер Едман од Флорида, загинал во обид да ја заштити помладата сестра од крадец кој провалил во нивниот дом во Порт Шарлот, пишуваат американските медиуми. Ожалените родители немаат пари да го погребаат и упатија јавна молба до сите хумани луѓе да помогнат за да нивниот син да добие пристоен погреб.

Полицијата верува дека Кајлер настрадал за време на тепачката со 27 годишниот Рајан Кол, кој провалил во нивниот дом додека децата биле сами. Крадецот чекал погоден момент децата да остнаат сами за да украде некои од повредните работи во куќата.

Шерифот на градот Бил Прамел, изјавил дека телото на Кајлер го нашле неколку часа по инцидентот, а кај сестра му не биле забележани никакви повреди. Рајан бил уапсен неколку часа подоцна. Службениците кои го уапсиле забележале кај него видливи рани со нож. Полицијата верува дека истите ги добил за време на тепачката со Кајлер.

Момчето кога го видел Рајан во близина на неговата сестра, се обидел со кујнски нож да го избрка од куќата. По тепачката тој се здобил со смртни рани, додека Рајан избегал во непознат правец. За кратко време полицијата успеала да го уапси за време на друг грабеж.

Шерифот Прамел вели дека истрагата ќе продолжи со цел да се утврдат сите детали од инцидентот.

Scroll to Top