Седумнаесет годишната Виктори Јинка Бањо од Нигерија, добила стипендии од Универзитетите ширум САД и Канада во вредност од околу пет милиони долари.
Таа добила вкупно 19 понуди со целосна стипендија на Универзитетите „Принстон“, „Харвард“, „Јејл“, „Стенфорд“ и други.
„И понатаму ми се чини неверојатно. Се пријавив на голем број Универзитети затоа што не мислев дека ќе ме примат токму мене“, изјавила таа за „Си-ен-ен“.
Јинка вели дека понудите за стипендија ја направиле да се чувствува посамоуверено, да се намсевнува пошироко, но и самата да се тапка по грбот.
Во Канада и е понудена стипендијата Лестер Б. Парсон од Универзитет во Торонто и стипендија Карен Мекелин Интернационален лидер на утрешнината, од Универзитетот во Британска Колумбија.
„Нивите процеси на примање се исклучително селективни. Ги прифаќаат само најдобрите од најдобрите. Морам секојдневно да се потсетувам дека сум примена на тиа школи. Тоа е надреално“, изјавила таа.
Виктори објаснила дека за нејзините врвни достигнувања заслужна е нејзината напорна работа.
„Направија навистина да се чувствувам гордо поради напорната работа која со години ја вложував во неколку области од мојот живот. Полека почнувам да сваќам и дека ги заслужувам“, изјавила таа.
Виктори изјавила дека се надева дека ќе студира компјутерска биологија. Но, таа сè уште нема одлучена кое школо ќе го избере. Нејзината мајка вели дека приказната на нејзината ќерка може да биде инспирација за голем број други млади луѓе во Нигерија.