Тинејџерка починала по испиени две лименки од пијалакот FCKD Up

Официјалните лица од канадската агенција за храна и лекови добиле упатства да ја разгледаат можноста за ограничување на продажбата на високозасладените алкохолни пијалаци по смртта на една тинејџерка во Квебек.

Девојката пред смртта консумирала две лименки од овој тип  пијалаци.

„Длабоко ме загрижува сè поголемата достапност и привлечност на поедини пакувања на високозасладени алкохолни пијалаци, како и фактот дека сè поголем број млади лица завршуваат во болница по консумирање на тие производи“, изјавила министерката за здравство, Жинет Петитпас Тејлор.

„Им наложив на лицата во министерството да ги преземат сите потребни мерки за да го решат проблемот“, истакнала Тејлор.

Со новите прописи би се забраниле сите алкохолни пијалаци што ќе го надминат одредениот лимит на удел во шеќерот, вклучувајќи ги и оние кои содржат вештачки засладувачи, се наведува во соопштението од канадското Министерство за здравје.

Предлогот не се однесува на ликерите и десертните вина.

По смртта на тинејџерката, во Квебек веднаш од полициите бил повлечен кофеинскиот алкохолен пијалак FCKD Up.

Произведувачот на овој пијалак објавил дека го промениле мислењето за таа категорија пијалаци и се одлучиле да престанат со производството на истиот.

Scroll to Top