Тинејџерка предизвика верижен судар, возела со врзани очи

17-годишна Американка предизвика верижен судир оти возела со превез преку очите. Таа се судрила со возило од спротивниот правец, па удрила и во трето возило. Девојката ја инспирирал Bird Box предизвикот кој владее на интернет, а кој се појави откако беше промовиран истоимениот филм со Сандра Булок во главната улога. Според овој предизвик, луѓето прават секакви работи додека очите им се врзани со превез.

Полицаецот Тревис Лејман за локалните медиуми изјавил дека со девојката во возилото било и 16-годишно момче.

„Ставила превез преку очите, но набргу удрила во возило кое доаѓало од спротивен правец, па удрила и во трет автомобил. Срам ми е што морам да им порачам на младите да не прават вакви работи, но очигледно морам да го направам тоа“, рекол полицаецот.

Тинејџерката е обвинета за загрозување на безбедноста во сообраќајот.

 

Scroll to Top