Toксични фрази што го уништуваат љубовниот однос

Зборовите можат да се претворат во најтоплата изјава на љубов, но и во ладнокрвно оружје кое може длабоко да ја рани душата. Во машко-женските односи кога доаѓа до расправии и кавги, многу парови забораваат колку се блиски и сакаат да покажат надмоќ користејќи најтешки зборови. Моќно е на крај да заборавите и околу што сте започнале да се расправате, но секој лош збор може да остави грда трага на душата на вашиот партнер.

Еве неколку токсични изјави кои не би требало никогаш да ги користите во љубовниот однос:

1. „Ако така мислиш, можеби би требало да раскинеме или да се разведеме“

Овие зборови паровите често ги користат без да размислат околу нивната тежина. Во бесот и лутината, може и да помислиме на нешто такво, но ако сакате иднина со нашиот парнер, тогаш овие зборови би требало да ги избегнуваме. Иако оваа фраза не е причина за раскинување или развод, сепак може да ја сруши довербата и сигурноста во односот.

Наместо оваа реченца, на партнерот можете да му кажете: „Се чувствувам навредено, луто или напуштено. Те сакам, но ми треба малку простор.“

2. „Не те сакам повеќе“

Ако нависина тоа не го мислите, тогаш никако не му го кажувате ова на својот партнер. Овие зборови често се користат во жестоки расправии. Иако другата страна често разбира дека партнерот не мисли така, те зборови можат многу да го повредат.

Кога во расправија му кажувате на вашиот партнер дека повеќе не го сакате, а навистина го сакате, извинете се и објаснете му дека сте дозволиле фрустрацијата и бесот да говорат наместо вас.

3. „Ова е глупаво“

Оваа фраза е позната и како „се однесуваш нерационално“.

Понекогаш правите нешто што на вашиот партнер му делува нерационално, но за вас тоа има потполна смисла. Или тој ќе направи нешто што вам ви се чини потполно бесмислено, а за него е сосема нормално. 

Тоа е затоа што секој од нас ги носи своите гледишта и витални вредности во својот живот. Сѐ што се бара од нас е да работиме на разбирање на нашите ставови еден со друг, а не да брзаме со предрасудите и навредите.

4. „Не сакам да зборувам за тоа“

Колку повеќе го игнорираме проблемот во нашиот однос, толку станува сѐ поголем. Со занемарувањео на проблемите, ние сакаме да ја избегнеме кавгата, но негативнте емоции кои се таложат во вас и во потиснувањето, може да предизвика многу поголем од првобитниот.

5. „Само опушти се“

Ако вашиот партнер е вознемирен, оваа реченица никако нема да му помогне. Обидете се да се сочувствувате со партнерот, предложете му разни решенија и пружете му поддршка.

 

Scroll to Top