Тренди кујни за 2021 година

Кујната е срцето на секој дом. Тоа не е обична просторија, а во тоа се уверивме и во текот на пандемијата. Повеќе готвевме, повеќе време поминавме со домашните, многу повеќе размислувавме за сето она што можеме да направиме домот да ни биде поудобен.

Потполно белата кујна веројатно никогаш нема да излезе од мода, но оваа година ни пристигаат нови трендови кои сигурно ќе ви се допаднат. Повторно во фокус се дрвените елементи во потемна боја, иако никој не очекуваше дека овој тренд ќе се рециклира. Исто така, постојат популарни и шарени елементи, кои на кујната ѝ даваат посебна магија.

Бела кујна со дрвени елементи

Белата кујна не излегува од врвот на трендовите, но овој пат, таа не е целосно бела. Тука се дрвените рачки и дрвените плочи. Задолжителен е и тепихот кој е всушност имитација на килим – тој стана доста популарен изминатата година.

Елемент во друга боја

Дури и ако вашата кујна е целосно бела, можете да ја освежите со нов елемент во друга боја. Во фокус е сината боја, како и розовата и беж бојата. Јарките бои даваат сјаен контраст на секоја кујна.

Кујна која влијае на доброто расположение

Многу луѓе во текот на 2020-тата посакаа да бидат на море или да се чувствуваат како да се на одмор. Па, на дизајнерите им дадоа одлична идеја – кујната да ја обоиме во сончеви бои. Оваа идеја е одлична, особено ако не сакате да ја реновирате целата кујна. Обојте ја во жолта боја и внесете позитивно расположение во својот простор.

Модерна црна кујна

Црната кујна станува сѐ помодерна. Таа е сјајна, секогаш блескава и изгледа скапо и елегантно. Сјајно се согласува со сиви и сребрени уреди.

Кујна во романтичен стил

Блескавата бела кујна може да делува строго, па добро е во неа да внесете малку цвеќиња, природни материјали и зелени билки.

Тапети во кујната

Тапетите во кујната можат да ја освежат на вистински начин! Тие можат да дадат контраст и да направат кујната да биде како нова.

Отворени полици

Сакате ли сѐ да ви биде на дофат на рака? Отворените дрвени полици се вистинското решение за кујната која е персонализирана и има личен печат.

Темни дрвени елементи

Темните дрвени елементи повторно се во мода. Кога убаво ќе се вклопат, одлично се согласуваат со новите, модерни уреди.

Scroll to Top