Три члена од екипаж на американски воен брод извршиле самоубиство

Тројца членови на американската морнарица минатата недела извршиле самоубиство. Винсент Форлајн, Џејмс Шелтон и Итан Стујарт биле дел од екипажот на носачот на авиони „Џорџ Буш Постариот“.

Воената морнарица тврди дека е покрената истрага, но дека случаите не се поврзани меѓусебно. Станува збор за техничари и офицери кои работеле на различни одделенија на истиот брод.

Винсент Форлајн, експерт за воздухопловно оружје, бил пронајден мртов на 14 септември над подрачјето на воената база, а подоцна било утврдено дека се работи за самоубиство, изјавила Џенифер Крег, портпаролка на Морнаричкото воено воздухопловство.

Главниот нуклеарен техничар Џејмс Шелтон и офицерот за воздухопловство Итан Стујарт се застрелале во базата на 19 септември во одделни инциденти.

Бројот на поврдени и можни самоубиства во американската воена морнарица достигна својот максимум во 2018 година. Минатата година биле регистрирани самоубиства на 66 активни морнари и 57 маринци.

За 18 маринци од резервните сили е потврдено или се истражува сомнеж дека извршиле самоубиство.

Scroll to Top