Трипати добил на лотарија, освоил милиони, а лозовите секогаш ги купувал од истото место

Тери Сплоун, среќниот добитник од Северна Каролина, неодамна ја прославил наградата од 100.000 долари која ја освоил на лотарија. Тој вели дека трипати го купил лозот од истото место и дека трипати му се паднала големата награда.

Тери живее во градот Конкорд, а лозовите ги купувал по цена од 20 долари. Без данокот, сега му останале чисти 70,800 долари, пренесува „Њујорк дејли њуз“.

Тој претходно во април 2017 година, освоил милион долари, откако купил лоз од „Милионер бакс“, а две години подоцна, во март 2019 година, купил гребка од наградната игра „150 милиони кеш“. Тогаш заработил уште милион долари.

„Ова е неверојатно. Секако е забавно да се победува и да се освојува“, рекол Сплоун.

 

Scroll to Top