Тројца Македонци со велосипед го искачија највисокиот врв во Африка, Ухуру, на Килиманџаро

Никола Нешковски, Иља Деревјев и Лазо Миновски се првите Македонци што со велосипед се искачија на Килиманџаро во Танзанија, највисоката планина во Африка. Со фотографија, која ја објавија на социјалните мрежи, тие кажаа дека утрово ја оствариле својата цел – да се качат на 5.895 метри високиот врв Ухуру.

Со нив се и планинарите Ирина Дишовска, Филип Христов и Кирил Начков. Тројцата Македонци својата авантура ја почнаа на 14 февруари од градот Аруша. Вчера преспале на надморска височина од 4.700 метри, а некаде на полноќ тргнале кон Ухуру, до каде што стигнале по шест часа.

Scroll to Top