Цела Влада на отварање на Дино паркoт во скопската ЗОО

By

Од денеска е отворен за посетители новиот Дино парк, лоциран веднаш до скопската зоолошка градина.

dobivaj vesti na viber

За сите оние кои сакаат да се впуштат во нови и возбудливи авантури, да дознаат нешто повеќе за неверојатниот свет на диносаурусите и имаат желба да видат како изгледале Тираносаурус, Стегосаурус и Алосаурус во природна големина, од денеска ќе имаат прилика тоа да го искусат и доживеат.

На вчерашното отворањето присуствуваше цела влада, односно премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, генералниот секретар Мухамед Зекири, министрите Венко Филипче, Мила Царовска, Бујар Османи, Фатмир Бесими и Крешник Бектеши.

„Дино паркот се простира на површина од 2000 квадратни метри и има вкупно 41 реплика на диносауруси од креда и јура периодот, од кои дел се во природна големина со синхронизирани движења, проследени со звуци. Дополнително во Дино паркот функционално се распоредени и придружни елементи – патеки, зеленило и дел за одмор. Ова е првиот Дино парк на Балканот каде што има толкав голем број фигури од праисториски животни, како и едукативни содржини за секој од различните видови животни. Токму поради тоа очекуваме овој парк да прерасне во туристичка атракција која заедно со зоолошката градина која и сега е полна со посетители, дополнително ќе ја збогатат туристичката понуда на градот . Скопскиот Дино парк е еден од најзелените тематски паркови во Европа, со засадени над 300 садници на ниски и на високостеблести растенија“, кажа Шилегов.

„ Како што ветивме, Скопје чекор по чекор го менува својот лик во секоја смисла на зборот. Ќе продолжиме и понатаму да го збогатуваме градот и со едукативни содржини претежно за најмладите, но и со содржини кои ќе го подигнат квалитетот на туристичката понуда што секако ќе даде позитивни ефекти кои ќе влијаат на сите жители на градот“, изјави Шилегов на отворањето на Дино паркот.

Дино паркот има два влеза, еден од внатрешноста на Зоолошката градина и уште еден од страната на Градскиот парк, а билетот за влез ќе чини само 50 денари.

Фото: Фејсбук профил на Петре Шилегов

Ќе ви се допадне