Целосно помрачување на Месечината на 27 јули

Ноќта меѓу 27 и 28 јули ќе се случи целосно помрачување на Месечината. Сите фази на помрачувањето на Месечината ќе бидат видливи од области во Индискиот океан, Индија, Источна Африка, Арапскиот полуостров и подрачјето на Каспиското море.

Ако небото е чисто и без облаци, помрачувањето ќе може да се види со голо око или со двоглед, велат астрономите.

Покрај помрачувањето на Месечината, ќе можат да се набљудуваат и планетите Венера (на почетокот од ноќта), Јупитер, Сатурн и Марс. Марс овие денови може да се види лесно оти е блиску до Земјата.

Scroll to Top