ЦИА тајно собирала вицеви за СССР

Времето на Студената војна е познато како црно-бело време, но понекогаш имало моменти од кои луѓето се смееле на големо. Таинствениот свет на шпионите, особено руските и амерканските во времето на Студената војна, секогаш е интересна тема за следење.

Со нивните стандардни секојдневни занимации, како што се надѕорот, прислушкувањето, следењето, тајните задачи, се чини дека не останало премногу време за забава и опуштање, освен ако тоа од нив не било побарано на некоја тајна задача. Но, дека тие биле како обичните луѓе, кои сакаат да кажуваат шеги, покажуваат документите пронајдени во таен магацин на ЦИА.

На документите на кои е скината ознаката на доверливост се напишани шеги кои агентите на ЦИА ги собирале и ги пренесувале во Вашингтон, а истите ги прераскажувале и нивните агенти.

Американец му вели на Русин дека САД се толку слободна земја што тој може да дојде пред Белата куќа и да викне „Нека се гони Роналд Реган“. На тоа Русинот му одговара: „Тоа не е ништо. И јас можам исто така да застанам пред Кремљ и да викнам: Нека се гони Роналд Реган“.

Таа шега го насмеала и самиот американски претседател Реган, а некои дури велат дека толку му се допаднала што постојано ја прераскажувал.

Иако не е познато зошто ЦИА тоа го правела, некои велат дека на таков начин всушност го следеле мислењето на Русите за американските политичари и властите.

Извор на шеги бил и Михаил Горбачов, последниот претседател на СССР, кој си поднел оставка од должноста на крајот на декември 1991 година.

„Работник стои во продавница за пијалаци и вели: ‘Доста ми е, чувајте ми место, одам да го застрелам Горбачов’. По два часа се вратил и сакал да застане на истото место каде што стоел пред да си замине. Неговиот пријател го прашал: ‘Дали успеа?’ Овој му одговара: ‘Не, таму редот е уште подолг од овој тука’“.

Неисцрпен извор на шеги бил и начинот на живот во Советскиот Сојуз. На пример случајот со Чукоти, автохтон народ кој настанал на Чукотскиот Полуостров на крајниот североисток на Русија.

Го прашале еден од тамошните жители што би направил доколку се отворат границите на Советскиот Сојуз. Тој им одговорил дека би се качил на највисокото дрво, за случајно да не западне во стампедото на сите оние кои би сакале да си заминат. Потоа го прашале што би направил доколку се отворат американските граници. Тој одговорил дека би се качил на највисокото дрво за да може да ги види сите оние лудаци кои би сакале да дојдат тука.

Забавни шеги имало и на сметка на Јосиф Сталин.

„Еден Рус се вратил во Москва по 15 години. Објаснил дека бил во затвор затоа што Сталин го нарекол глупав. Тоа се многу години за една критика на лидерот, му рекол еден пријател. На тоа тој му одговорил: О не, за тоа добив само една година. Останатите 14 години ги добив за откривање државни тајни“.

Од шегите не бил поштеден ни КГБ.

„Откако седиштето на КГБ изгорело во пожар,  некој се јавил на телефон. Веднаш му одговориле: Не можеме ништо да направиме. КГБ штотуку изгоре. Пет минути подоцна истата личност повторно се јавила. Го добила истиот одговор. Кога ги побарал и трет пат, операторот го препознал неговиот глас и го прашал зошто постојано ѕвони кога веќе му е кажано дека КГБ изгорело. Овој одговорил: Знам, само сакам повторно да го слушам тоа, одново и одново“.

Scroll to Top