Богатството на Безос во 2017 година е зголемено за дури 32.6 милијарди долари, што е најголем пораст во историјата на Блумеровиот индекс на билионери. На врвот на овој индекс долго време се наоѓаше Бил Гејтс, со 89,1 милијарди долари.
Благодарение на црниот петок, богатството на сега веќе најбогатиот човек на светот, шефот на Амазон, Џеф Безос (53), пораснало на 100,3 милијарди долари. Безос на тој начин стана првиот милијардер кој може да се пофали со „освојувањето“ на 12-те цифри од 1999 година, кога ваков потфат му успеа на основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс.
Дали Безос своето богатство ќе го подели на сиромашните?
На Вол Стрит во петокот S&P 500 индексот досегна ново највисоко ниво во историјата, при што најмногу пораснаа цените на акциите во технолошкиот и трговскиот сектор, што е благодарение на добриот почеток на предновогодишната божиќна сезона.
Во краткиот промет на трговија на Вол Стрит, по Денот на благодарноста, во фокус на вложувачите беа податоците за потрошувачката на граѓаните на таканаречениот црн петок, кога продавниците нудеа големи попусти и почна предбожиќната куповна грозница.
Се проценува дека од црниот петок до божиќниот празник продавниците остваруваат и до 40 проценти од својата вкупна годишна продажба.
А сезоната на предбожиќното пазарење добро почна, особено преку онлајн продажбата, па така податоците на компанијата „Adobe Analytics“ покажуваат дека на самиот Ден на благодарноста продажбата изнесувала 2,87 милијарди долари, додека на црниот петок продажбата можеше да досегне и рекордни 5 милијарди долари, што би било 18 проценти повеќе од истиот ден минатата година.
Богатството на Безос во 2017 година се зголеми за дури 32.6 милијарди долари, што е најголемиот пораст во историјата на Блумеровиот индекс на билионери, на кој првото место долго време го држеше Бил Гејтс со 89,1 милијарди долари. Со зголеменото богатство на основачот и шеф на „Амазон“ се постави прашање која му е намерата со сите тие пари.
За разлика од Гејтс, кој во октомври го исфрли од тронот најбогатиот на свет, или американскиот вложувач Варен Буфет, кој сега е трет на листата, со 78,9 милијарди долари, Безос засега се откажа од релативно мал дел од своето богатство во корист на сиромашните.
Шефот на „Амазон“ одамна се посвети со филантропија. Во јуни преку „Твитер“ побара совет за тоа како е најдобро да им се помогне на другите. Од 2002 година Безос ги подели акциите на „Амазон“ во сегашна вредност од околу 500 милиони долари, пресмета Блумберг.
Доколку 62-годишниот Гејтс не го поделеше своето богатство од 700 милиони долари вредни акции во „Мајкрософт“ и уште три милијарди долари подели на добротворни организации, тој денеска би бил убедливо прв на листата на најбогати луѓе на светот и ќе тежеше 150 милијарди долари.