Туристи се казнети со по 800 евра зашто пиеле пиво во антички амфитеатар

Двајца американски туристи се казнети со по 800 евра, затоа што пиеле пиво во римскиот Колосеум кога амфитеатарот бил затворен. Нив ги забележал случаен минувач во понеделникот во раните утрински часови, пренесе Joronjuz. Тој веднаш ги пријавил во полиција.

Колосеумот преку ноќ е затворен за туристи, но, двајцата туристи биле видени на вториот кат од античкиот театар во 5:30 часот утрото. Тие ја платиле казната од 800 евра, откако признале дека нелегално влегле во зградата.

 

Scroll to Top