Денес во 14 часот, Турскиот театар во Скопје, ќе има премиера на детската претстава „Рапанзел“, рабетена според приказната на браќата Грим. Адаптацијата и режијата се на Џабир Доко а претставата ќе се игра на сцената на Театар Комедија.
Во главните улоги ќе настапат Инес Радончиќ (вештерката), Ебру Мусли (младата жена), Јеткин Сезаир (младиот човек), Жале Османи (Рапанзел), Метин Ибрахим (принцот) и Дин Ибрахим (змејот).
Сценографијaта е на Татјана Блажевска-Христоска, а костимографија на Розе Трајческа-Ристевска.