Уапсени 54 лица на првиот ден на „Егзит“ поради дрога, половина од нив биле странци

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека на првиот ден на фестивалот „Егзит“ биле уапсени 54 лица, поради тоа што поседувале дрога. Од уапсените, 31 лице било странци.

 МВР на Србија изјави дека припадниците на полицијата, ќе продолжат со нивните апсења на сите кои го прекршуваат законот на фестивалот. Ќе бидат апсени и тие што продаваат, но и тие што конзумираат било каква дрога.

„Полицајците ќе го уапсат секој што ќе поседува дрога за време на фестивалот Егзит, без разлика дали е дилер или само конзумира дрога, тие според законот ќе бидат казнети“ изјави Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин.

 

Scroll to Top