Уапсени осум лица осомничени за убиството на словачкиот новинар Јана Куцијак

По седум месеци истрага за бруталното убиство на словачкиот истражувачки новинар Јана Куцијак и неговата вереница, словачката полиција утрово уапси осум лица. Меѓу нив се смета дека е и убиецот.

„Пред неколку минути единицата НАКА ги уапси осомничените. Во моментов се извршуваат претреси“, велат од словачката полиција.

Злосторот бил извршен на крајот на февруари кога двојката беше брутално ликвидирана во нивниот семеен дом. Куцијак се занимавал со истражување на корупцијата и поврзаноста на словачките тајкуни со италијанската и албанска мафија, во доменот на агробизниот на југот во Словачка.

Интернет порталот „Aktuality.sk“, за кого работел Куцијак, пишува дека уапсените луѓе се од југот на Словачка. Поради двојното убиство, во Словачка избија големи демонстрации, во кои десетина илјади Словаци ширум земјата побараа независна и чесна истрага за убиството и оставка на владата на Роберт Фицо.

 

Scroll to Top