Убиен американски актер номиниран за „Оскар“

Американскиот актер Еди Хасел, познат по улогата во филмот „Клинците се во ред“, номиниран за „Оскар“, беше убиен во едно предградие во Далас, во државата Тексас.

Локалните медиуми пренесуваат дека Еди починал откако бил застрелан со огнено оружје. Тој бил тешко ранет додека некои се обидувале да му го украдат автомобилот.

Полицијата вели дека истрагата е во тек и дека се трага по осомничените.

„Њујорк тајмс“ пишува дека Хасел бил погоден пред станот на неговата девојка. Еден од неговите соработници изјавил дека актерот бил погоден во стомак и дека веднаш бил префрлен во најблиската болница каде што им подлегнал на повредите.

 

Scroll to Top