Убиена бугарската истражувачка новинарка Викторија Маринова

Полицијата во Бугарија го истражува убиството на истражувачката новинарка Викторија Маринова. Нејзиното тело е пронајдено во саботата во парк во градот Руса, во северна Бугарија. По направените прегледи на нејзиното тело, утврдено е дека Маринова добила удар во главата и била задушена.

„Не се пронајдени нејзиниот мобилен, клучеви од автомобил, очилата и дел од облеката. Истраживачите ги разгледуваат сите траги поврзани како со личниот, така и со професионалниот живот“, изјавил државниот обвинител Ѓорѓи Ѓеоргиев.

Медиумите во Брисел пишуваат дека организациите за борба против корупцијата и членовите на Европскиот парламент повикале на целосна истрага во врска со нејзината смрт.

„Јас сум шокиран од убиството на истражувачката новинарка Викторија Маринова. Повикувам на итна, целосна и темелна истрага. Одговорните мораат да одговараат“, порача на Твитер претставник од ОEBS за слободата на медиумите Харлем Дезир.

„Можно е напаѓачот да не ја ни познавал жената. Факт е дека оставил ДНК и траги во толкав обем што веројатно убиството не го ни планирал“ пишува во соопштението на истрагата.

Борисов: Прашање на ден е кога убиецот ќе биде пронајден

Се огласи и премиерот на Бугарија Бојко Борисов кој изрази надеж дека истрагата ќе биде успешна. Тој ги замоли медиумите да не вршат притисок на форензичарите кои се испратени на местото каде е извршен злосторот.

„Благодарение на големата количина на ДНК материјали која е собрана, прашање е само на ден кога напаѓачот ќе биде откриен“, изјавил Борисов.

Различни детали на смрттност

Бугарските медиуми објавија различни верзии и детали за нејзината смрт, воглавно повикувајќи се на извори блиски до истрагата.

Порталот btvnovinite.bg пишува дека телото на Маринова е пронајдено кај брегот на Дунав во саботата и дека била силувана пред да биде извршено суровото убиство.

„Речиси секој ден новинарката трчала покрај Дунав. Во саботата им рекла на пријателите дека ќе оди да трча за да се подготви за престојната трка. По неколку часа, роднините почнале потрага по неа. Нејзиниот телефон бил во тој момент исклучен. Некаде по 14 часа случаен минувач забележал траги од крв и необичен објект“, пишува btvnovinite.bg.

Бугарскиот сајт „Razkritia“ повикувајќи се на извори вклучени во истрагата пишува дека убиецот побеганал во Романија. Наводно се прегледани безбедносни камери на мостот на Дунав каде се гледа убиецот, поради што се сомнева дека побегнал во правец на Романија. Како што пренесува сајтот, постојат докази дека убиецот се уплашил од истрагата и дека побрзал да побегне веднаш по бруталното убиство.

 

 

Scroll to Top